Обзор
Презентация
1 Verse:
Исус е моја надеж,
Вистина, пат и живот мој!
Во овој бурен мрачен свет
Тој ми е карпа сигурна.
О каква љубов, каков мир!
О нема страв, и нема смрт!
Утешител, Ти си ми сè,
Во љубовта Твоја живеам!
2 Verse:
Исус е Божјиот Син,
А дојде на овој грешен свет.
Ги засака ги оправда
Оние што Го презреа.
На крстот кајшто умре Тој
Задоволен е Божјиот гнев.
И сечиј грев го зеде Тој
По смртта на Исус живеам!
3 Verse:
Тој беше во гроб положен -
Светлина в мрак заробена.
И одеднаш, глеј, блеснува!
Во слава ТОЈ ВОСКРЕСНА!
И победа извојува
И синџирот го искина.
Јас Негов сум, ме откупи
Неговата крв скапоцена!
4 Verse:
И немам страв од смртта јас -
Христовата сила е во мене!
До мојот здив последен
Во Негови раце живеам!
Ни пеколна ни човечка
Сила ќе ме оттргне
Сè додека Тој не дојде
Ќе стојам во Христа цврсто јас!
Outro:
О, каква љубов, каков мир!
О, нема страв, и нема смрт!
Утешител, Ти си ми сè,
Во љубовта Твоја живеам!
Утешител, Ти си ми сè,
Во љубовта Твоја живеам!